Нова велосипедска лента со ширина од 1,5 метри

707

Пандемијата на коронавирусот бара брзи промени во градскиот сообраќај кои подразбираат повеќе простор за велосипедистите и пешаците.

За таа цел, улицата „Свети Кирил и Методиј“ добива нова велосипедска лента со ширина од 1,5 метри, која ја добивме со стеснување на постојните три коловозни ленти од 3,5 на 3 метри.

Како што објаснуваат од Градот, на тој начин се придонесува и за побезбеден сообраќај преку смирување на автомобилскиот сообраќај, бидејќи ширината на сообраќајните ленти од 3 метри е идеална ширина за проектна брзина на движење од 50 километри на час, колкаво што впрочем е законското ограничување на максималната брзина на движење на автомобилски сообраќај на градските улици.