Препукувањата на релација Евролига – Панатинаикос никако да престанат. Овој пат тимот од Атина најави дека ќе се откаже од учеството во Евролигата и ќе игра во ЛШ, а па затоа првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу, беше многу груб кон грчкиот по изјавтаа.

-Тие знаат дека нема подобро сценарио за нив надвор од Евролигата. Ако ја напуштат лигата, ќе дојде некој друг, истакна Бартомеу.

Контроверзниот сопственик на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, веднаш го возврати ударот.

-Значи, нема подобро сценарио од тоа секоја недела да те е*ат мафијаши, да те третираат со непочитување во своите настапи, да те уценуваат со цел да ги наметнат своите диктаторски решенија, истакна Јанакопулос, кој беше незадоволен од неисплатените финансиски обврски од страна на Евролига.