Најпосле ќе се исполни големата желба на Мурињо

71

Дека има вистина во информацијата дека Герет Бејл повторно ќе го облече дресот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, потврди и агентот на велшкиот интернационалец, Џонатан Бенет.

Крилниот напаѓач веќе подолг период е во војна со раководните лица на шпанскиот гигант Реал (М) и со шефот на стручниот штаб, Зинедин Зидан. Пред една недела Бејл потврди дека е заинтересиран за кам-бек во англиската Премиер лига, а покрај „петлите“ интерес за Бејл има и од Манчестер Јунајтед, но тимот предводен од Жозе Мурињо води во борбата за потписот на 31-годишниот фудбалер.

  • Близу е, но не и официјално. Тоа е комплицирана зделка, изјави агентот на играчот Џонатан Бенет.

Бејл има договор со „кралскиот клуб“ до 2022 година, кој му ганатира неделна плата од 600.000 фунти. Пред неколку дена шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека челниците на Реал (М) се подготвени да се ослободат од неговите услуги, но се подготвени и да исплаќаат половина од неговата плата.

И менаџерот на популарните „петли“, Жозе Мурињо, потврди дека постојат реални шанси Бејл повторно да го облече дресот на Тотенхем.

  • Не сакам да одговорам на овој тип прашања. Морам да повторам, но нема да одговарам на прашања во врска со Герет Бејл, бидејќи тој е играч на Реал (М). Јас приоѓам на ова со почит. Дури и кога бев во Реал (М) сакав да го привлечам во мојот тим, но тоа беше невозможно. Претседателот на Реал (М) го следеше мојот инстинкт и моето знаење и го привлече во клубот кога си заминав. Не станува збор за никаква тајна.. Мислам дека дури и Герет Бејл го знае тоа. Повеќе нема да зборувам за него, бидејќи тој е играч на Реал (М), изјави трофејниот португалски стручњак.