Тимот на Елверум направи големо изненадување на стартот од Лигата на шампионитер, победувајќи го Порто на гостински терен со 30:28. Португалците во еден момент од мечот имаа и негатива од пет гола, а истата се намали кога на голот застана македонскиот репрезентативец Никола Митрески

Кристоферсен беше незадржлив во редовите на Елверум со десет гола и само три промашувања од игра. Итуриза, Мартинс и Родригез со по пет погодоци беа најефикасни кај екипата на Порто.

Кил без пробелеми славеше против храватскиот шампион Загреб со 31:21. Германскиот претставник рутинирано ја заврши задачата во првото коло и заслужено заминува со победа од Хрватска.

Барселона исто така немаше проблеми со Мотор Запорожје, славеше со 25:30 на гостински терен.