Мобилните тимови на Карпош и Црвен крст посетија над 50 домаќинства

304

Мобилните тимови на Карпош и Црвен крст посетија повеќе од педесет домаќинства изминативе денови. Се купува храна, лекови и хигиена за најранливите групи на граѓани.

– На овие луѓе им должиме голема благодарност и почит. Ковид-19 не погоди сите, но и не обедини во општествена акција, да помогнеме и да заборавиме на сите разлики – напиша на Фејсбук, градоначалникот Стефан Богоев.

Мобилните тимови можат да се повикаат на следниве броеви: 02/3068-806 и 071-349-230