Марсело, те сакам!

168

По пауза од 16-години, Лидс Јунајтед обезбеди пласман во англиската Премиер лига. Освен армијата фанови кои веќе со денови се во делириум поради големиот успех, најрадосен за пласманот во елитното друштво е и познатиот дански глумец, Николај Костер-Валдау, кој е прослави како Џејми Ланистер во светскиот ТВ хит „Game od Thrones“.

Николај реши да му испрати порака на трофејниот аргентински стручњак кој е најзаслужен за пласманот на Лидс во Премиер лигата.

  • Марсело, верувам дека си уморен од анализата на екипите во Премиер лигата, но мора да направиш пауза. Марсело, не однесе во Премиер лигата, напиша историја со Лидс Јунајтед. Од вечерва ти си бесмртен. Твое име. Твој стил. Твои дела. Помина цело детство откако Лидс играше во Премиер лигата. На денот кога Лидс испадна од Премиер, мојата ќерка имаше 3 години. Да ја видиш сега, има возачка дозвола, може да гласа и да оди на работа. Сите сме сега постари, но имам чуство дека сега светот е поинаков. Сепак, благодарение на тоа кое го направи, ние сега се чувствуваме помладо. Ја тренирапе, ја учеше, ја формираше и ја обликуваше најдобрата екипа во лигата. Марсело, сакам да ја слушнеш оваа порака. Те сакам повеќе отколку што ти знаеш дека те сакам, напиша популарниот Џејми Ланистер.