Легендата на филмот, Клинт Иствуд, полни 90 години, на пензија не помислува!

813

Познатиот холивудски актер Клинт Иствуд денеска полни 90 години. Како што истакнал неговиот син Скот за Фокс Њус, роденденот ќе го прослави во кругот на семејството, а ќе има и торта, што на неговиот татко веројатно нема да му се допадне.

Клинт Иствуд можеби повеќе од останатите актери често се наоѓа „од онаа страна на камерата“, во улога на режисер. Во текот на изминатите 10 години, режирал дури девет филмови.

Својата актерска слава Иствуд ја стекна во шпагети-вестерн филмовите на Серџо Леоне, како „За грст долари“, „Добриот, лошиот, грдиот“, но и во улугата на „Валканиот Хари“. Оскар има освоено за глума, но и за режија и тоа повеќе пати.

Негиовиот бурен љубовен живот исто така е нешто што треба да се спомене, особено неговата изјава дека првпат спиел со жена кога имал 14 години, и тоа со својата дадилка.

Официјално има осум деца, но во едно интервју признал дека „ни самиот не знае колку деца навистина има“.