Најдобриот кошаркари на Далас, Лука Дончиќ, одигра уште една одлична партија во НБА лигата, овој пат на гостувањето кај еден од претендентите за титулата, екипата на Лос Анџелес Лејкерс. Тој беше најзаслужен за победата на својот тим запишувајќи 27 поени, 10 асистенции и девет скокови.

  • Клучна беше одбраната во третата четвртина, застанавме во зонска одбрана, влеговме во ритам и бевме брзи. Тоа беше пресудно. Во првото полувреме играв очајно, но во вториот дел бев одличен. Продолжив да напаѓам, да верувам во мојот шут и ми беше драго за триумфот. Многу ми значи што покажавме дека можеме да се носиме со големи тимови. Продолжуваме на ист начин, истакна Дончиќ.

Младиот 20-годишен кошаркар се потсети на првата сезона и неговиот прв дуел против Леброн Џејмс.

  • Се сеќавам на тој натпревар… Обично не сум нервозен пред натпреварите, но пред тој бев. Тоа беше нешто посебно за мене. Го следев многу како дете, му се восхитувам и сега, тој беше мој идол, додаде Дончиќ.

На прашањето како Евролигата му помогна во неговата НБА кариера, Словенецот одговари: „Научив многу од Евролигата, играв против неверојатни кошаркари. Многу нешта научив и од моите соиграчи, кои некои од нив беа поранешни НБА играчи. Сите тие ме подготвија за НБА-лигата“.

Маверикс сега има скор 13-6, додека Дончиќ во просек бележи по 30.8 поени, 9.9 скока и 9.6 асистенции.

Резултати: Бруклин – Мајами 106:109, Минесота – Мемфис 107:115, Њујорк – Бостон 104:113, Детроит – Сан Антонио 132:98, Њу Орлеанс – Оклахома 104:107, Орландо – Голден стејт 100:96, Торонто – Јута 130:110, ЛА Клиперс – Вашингтон 150:125.