Доналд „Каубој“ Серон ќе се бори против Конор Мекрегор на 18 јануари во Лас Вегас. Оваа борба привлекува големо внимание, особено поради фактот дека таа е повратничка за Мекгрегор, но „Каубој“ е исто така едно од најпопуларните лица во УФЦ.

На 36 години, Серон помина низ сè и сешто, а ја избегна смртта три пати. Пред 14 години се натпреваруваше во мотокрос. Тој изгубил контрола врз мотоциклот и доживеал сериозна несреќа, а во живот бил вратен три пати од медицинскиот персонал и поминал две недели во индуцирана кома.

Искачувањето на карпи исто така била негова голема пасија. Ова скоро го чинело живот откако неговата опрема откажала на висина од околу 20 метри, па се струполил директно на земја. Повредите биле повторно сериозни. Тој ги скршил колкот и стапалото.

Американецот последниот допир со смртта го имал во 2016 година при нуркање во Ново Мексико. На 30 метри под вода, останал без кислород во боцата и со многу тешкотии испливал на површината.