Денес се обврзуваме да градиме независен и одговорен парламент, вистински дом на демократијата на сите граѓани на Северна Македонија, напиша на Фејсбук лидерот на СДСМ, Зоран Заев по повод конститутивната седница во Собранието.
„Нашиот парламент денеска ја одржува првата, конститутивна седница со учество на народните пратеници кои ја изразуваат волјата на граѓаните кои гласаа на парламентарните избори на 15 јули“, напиша заев.