„Мојата мајка беше пресреќна што стана дел од историјата на македонската култура и што идејета на мојот татко, инспирирана од љубовата кон неа и кон музиката, се оствари; да еден концерт во прекрасниот амбиент на црквата св. Софија прерасне во музички фестивал со меѓународно реноме… Би ги повторил честитиките на Ана за 50-от роденден на Охридско Лето: ”Во древен Охрид, да е вечно Охридско Лето како што е вечна Мекедонија”, стои меѓудругото во честитката од синот на Ана Липша Тофовиќ, Проф. д-р. Стеван Тофовиќ” до манифестацијата “Охридско лето“ која денес слави 60 години постоење.

Од Охридско лето пак, велат дека во деновите кога го слават овој значаен ден,  изразуваат огромна почит за првенката на македонската Опера, Ана Липша Тофовиќ која во далечната 1961 година ја создаде приказната Охридско лето.

“Најзиниот прв настап вечно ќе остане во фестивалската историја како датум на создавање на ова големо културно дело со кое денес се гордееме насекаде во светот“, велат од Охридско лето.