ЕК: Aвтобусот без лиценца нелегално ги преминувал границите

За опожарениот автобус превозникот „Беса транс“ немал извадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски. Превозникот „Беса транс“ вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај, информираат од Министерството. Според правилата на Европската Унија, доколку автобусот на „Беса транс“ немал валидна лиценца за превезување патници, тој не би смеел да премине граница на Европската Унија, во случајов Бугарија. Одговорноста за надзор и проверка на документацијата и спроведувањето на законите на ЕУ е во рацете на земјите членки на Унијата.

95

Превозникот „Беса транс“ вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај, информираат од Министерството за транспорт и врски. Броевите на изводи на лиценци кои се евидентирани во Царинската управа при влез и излез и со кои се шпекулира во јавноста, во ниту еден случај не се во сопственост на опожарениот автобус.

Од Министерството за транспорт и врски посочуваат дека тие не се орган кој има надлежност да контролира како превозникот вршел влез и излез од земјата, а овие информации треба да ги испитаат меѓународните и домашните истражни органи.

За опожарениот автобус превозникот „Беса транс“ немал извадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски.

Според правилата на Европската унија, доколку автобусот на „Беса транс“, кој имаше несреќа во Бугарија, немал валидна лиценца за превезување патници, тој не би смеел да премине граница на Европската Унија, во случајов Бугарија.

Законодавството на ЕУ предвидува низа правила за лиценци и дозволи за превоз и од оваа институција, не е исклучено тие да биле прекршени, но Европската Комисија не се меша во истрагата. Одговорноста за надзор и проверка на документацијата и спроведувањето на законите на ЕУ е во рацете на земјите членки на Унијата.

Ако се утврди во истрага дека превозникот патувал со нелегална или фалсификувана лиценца, може да се очекува Европската комисија да осуди ваква пракса која не само што е закана за „слободната конкурентност во ЕУ“, туку претставува загрозување на животите на патниците.

Според правилата на ЕУ, автобусот не би смеел да добие лиценца од Бугарија, бидејќи европското законодавство не дозволува издавање на лиценци на оператори чии возила се регистрирани надвор од земјите членки на ЕУ.

Бугарија не смее да дава ЕУ лиценца на оператори од трети земји, а со тоа ниту да издава свои дозволи за патувања во рамките на „Интербус“ на возила регистрирани во трети земји, односно вон ЕУ.

Што се однесува до веста дека „Беса транс“ имала седиште во Ќустендил заедно со 23 други македонски компании на адреса во која живее постара жена, како што јавија бугарските медиуми на денот на несреќата, тука правилата на ЕУ се тие на Пакетот за мобилност 1.

Според оваа законска рамка Европската комисија може да побара од земја членка на ЕУ да спроведе индивидуални контроли за да провери дали претпријатието ги исполнува условите за дозвола за етаблирање на патни превозници, вклучително тука и условот кој предвидува „стабилно и ефективно етаблирање“ на одредена адреса. Вакви нелегални пракси не се невидени во ЕУ, поради што Европската Унија го усвои токму тој Пакет за мобилност, чии нови правила ќе стапат  во сила од почетокот на 2022. Овие нови правила предвидуваат зајакнување на одредбите за „стабилно етаблирање“ и ги зајакнуваат критериумите.

(И.С.)