Еден од подобрите НФЛ играчи, Еверсон Грифен, имал ноќ за заборав. Несреќниот американски фудбалер завршил во болница откако 14 часа бил затворен во својот дом и од каде барал помош тврдејќи дека некој се обидува да го убие.

Грифен снимил и видео од креветот каде што држи пиштол. Тој бил видно вознемирен и испраќал пораки до пријателите да му помогнат.

  • Јас сум во мојот дом. Црнци се обидуваат да ме убијат. Ова е мојот пиштол, регистриран ми е и точно знам каде го купив. Ги имам сите хартии, испрати видео порака НФЛ играчот, а потоа напиша: „Ми треба помош, некој се обидува да ме убие во мојот дом“.

Полицијата реагирала по снимката. Тие дошле пред домот на ѕвездата на „Викинзите“, но тој не сакал да ја напушти куќата.

На крајот сепак го увериле дека ништо нема да му се случи, па веднаш бил префрлен во болница каде му била укажана психијатриска помош.

  • Тој ја напушти куќата без никакви инциденти и моментално ја добива потребната помош. Му благодариме на шерифот за брзата реакција и желбата да се заврши оваа ситуација на најдобар можен начин, соопштија од клубот.

Грифен бил хоспитализиран, а треба да се напомене дека во 2018 година имаше и психички проблеми поради кои ја пропушти сезоната.