До 15 јули забранети летови меѓу Грција и Србија

53

Поради епидемијата во Грција и со цел да се заштитат патниците и граѓаните од пандемијата на ковид-19, Агенцијата за цивилно воздухопловство издаде нови упатства (NOTAM) за вонредна забрана на летови меѓу Грција и Србија, како и забрана за влез на српски државјани заклучно со 15 јули.

Исклучок од забраната се членови на семејствата на државјани на ЕУ, граѓани од Шенген-зоната, патувања од есенцијални причини, здравствен персонал, научен персонал, државјани на трети земји кои имаат дозвола за долг престој во европска земја,студенти, транзит летови, владин, дипломатски, воен, хуманитарен персонал и сл.

Во однос на образецот „Passenger Locator Form“ (PLF) задолжителен за сите посетители на Грција, од Агенцијата за цивилно воздухопловство соопштуваат дека од 9 јули патниците од меѓународните летови ќе треба да го пополнат 24 часа пред чекирањето, а не 48 часа како што беше досега.

Извор: МИА