Јапонија: Во поплавите загинаа најмалку 50 луѓе, масовна евакуација на населението

74

Спасувачите во југозападниот дел на Јапонија продолжуваат со трката против времето за да ги спасат жителите заробени на места погодени од големите поплави и свлечишта во кои загинаа речиси 50 луѓе досега, а десетина луѓе се сметаат за исчезнати.

На повеќе од 1,3 милиони жители на јужниот јапонски остров Кјушу вчера им било кажано да ги напуштат своите домови поради обилниот дожд што ја зафати областа. Јапонската метеоролошка агенција вчера издаде предупредување за вонредни состојби предизвикани од дожд за префектурите Сага, Нагасаки и Фукуока на Кјушу, повикувајќи ги жителите да бидат во состојба на „максимална тревога“. Агенцијата  ја укина вонредната состојба, но предупреди на поплави, лизгање на земјиште и надојдени реки низ цела Јапонија.