Светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ, не игра на Австралија опен, но веќе се знае дека сезоната ке ја почне во Дубаи. Но, во меѓувреме е загрозено неговото прво место на АТП листата и рекордот по број на грен слем титули во Мелбурн.

Затоа Ѓоковиќ нема да навива ниту за Рафаел Надал, ниту Данил Медведев да ја освојат титулата, а Русинот може да постави уште еден незамислив рекорд во Австралија!

Работите се јасни пред полуфиналето. Доколку Надал триумфира во следните два меча, ќе стигне до 21. грен слем, но и уште еден рекорд во сопственост на Ѓоковиќ може да биде загрозен доколку Медведев ја освои титулата. Тој на 21 февруари ќе стане најдобар тенисер во светот и ќе го симне Ѓоковиќ од врвот на АТП. Но, тоа не е се. Медведев би можел да стане првиот играч во историјата кој по првиот освоен грен слем трофеј во кариерата веднаш ќе стигне до вториот на следниот турнир!

За такво нешто Русинот дозна на прес-конференција по победата над Феликс Аугу Алиасим.

-Некој веќе требаше да го направи тоа, нели? Или никогаш не се случило? Не знаев за оваа информација. Би се изненадил да знам дека никој не го сторил тоа. Но, да, тоа е добар предизвик, рече тој. Медведев.

Во полуфиналето ќе игра против Гркот Стефанос Циципас, а потоа доколку слави и против подобриот од мечот Матео Беретини – Рафаел Надал.

Уште два меча сум далеку од тоа. Повторно, треба да видиме како се чувствувам, но тоа е голем предизвик. Навистина не размислувам за тоа. САД Опен ми даде голема самодоверба, но имам тешки противници кои ќе сакаат да ме победат. Феликс беше навистина блиску. Ако успеам и ако е вистина, ќе биди историја, заврши рускиот тенисер.