Град што лежи на илјадници тони дијаманти

213

Жителите на гратчето Нордлинген, Германија, знаат дека, според стручните пресметки, живеат на 72.000 тона дијаманти, но немаат намера да го урнат цел град за да се збогатат.

Огромниот извор дијаманти под градот во германската покраина Баварија настанал пред 15 милиони години, кога астероид ја погодил Земјата. Геолозите проценуваат дека ширината на вселенското тело била еден километар, токму колку и денешен Нордлинген, а бил тежок околу три милијарди тони.

Ударот ја зголемил температурата и притисокот доволно колку да настане мешавина од стакло, кристали и дијаманти, наречена суевит.

Кога гратчето почнало да се гради, првите жители не знаеле за ова. Со години верувале дека потеклото на кратерот е вулканско, сè 60-тите години на 20. век кога било утврдено дека тука паднал астероид. Суевитот околните жители го користеле како градежен материјал.

Количината на дијаманти е огромна, но не можат да постигнат добра цена, оти се помали од 0,2 милиметра. Така, не вреди да се разурне цел град за да се дојде до „богатството”.

Нoрдлинген, сепак, профитира на друг начин – туристи од целиот свет доаѓаат тука за да ја разгледаат светкавата архитектура, како и заради музејот Рис кратер, во кој се изложени примероци од кратерот од астероидот.