Возилата со бугарски таблички ќе се регистрираат за половина цена

На последната седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблички. Целта на овој Предлог-закон е да се регистрираат возилата со странски таблици со намалени давачки до 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз на возила од страна на надлежните државни органи.Одредбите од овој Предлог-закон се однесуваат на возила увезени до 1 октомври оваа година и со најмалку „еуро 4 стандард“ и ќе се применуваат за времетраење од една година. Најголемиот број од возилата со странски таблички имаат бугарски регистарски ознаки. Се проценува дека во Струмичко секое петто возило е со бугарски таблички. Сопственици на овие возила се лица кои поседуваат бугарски пасош.

553

Владата ја реализира намерата да се легализираат возилата со странски регистарски таблички, што неодамна премиерот Зоран Заев ја претстави како еден од изворите за финансирање на дефицитот на буџетот за наредната година.
На последната седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблички и тој наскоро треба да се достави во Собрание.

Според информациите од владината прес-служба целта на овој Предлог-закон е да се регистрираат возилата со странски таблици со намалени давачки до 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз на возила од страна на надлежните државни органи.

Одредбите од овој Предлог-закон се однесуваат на возила увезени до 1 октомври оваа година и со најмалку „еуро 4 стандард“ и ќе се применуваат за времетраење од една година.

Предлог-законот ги опфаќа моторните возила за превоз на патници (категорија М), возилата за превоз на товар (категорија Н), возилата на две и три тркала и квадрицикли (категорија Л) и приколки – вклучително и полуприколки (категорија О).

-Со оваа мерка ќе се обезбеди системско регулирање на учеството на овие возила во сообраќајот и приход на средства кон буџетот и домашната економија во висина од 25 милиони евра кои ќе бидат наменети за проекти од интерес на граѓаните, информираат од Владата.

Најголемиот број од возилата со странски таблички имаат бугарски регистарски ознаки. Низ улиците на градовите, особено оние во близина на соседна Бугарија се движат голем број такви возила, а некои од нив се увезени пред многу години, но поради високите давачки не се регистрираа кај нас, туку во Бугарија. Се проценува дека во Струмичко секое петто возило е со бугарски таблички. Сопственици на овие возила се лица кои поседуваат бугарски пасош.

Според податоците од Царинската управа, од почетокот на годинава до 1 октомври се увезени вкупно 15.312 употребувани возила од разни земји.

(С.В.)