Во САД празни полици пред Божик, кризата зема замав

275

Пандемијата го наруши системот на набавка, а последиците веќе се видливи насекаде низ светот. Американските економисти, производители и малопродажни гиганти предупредуваат дека застојот во ланецот на набавка ќе резултира, не само со изостанок на традиционалните божиќни намалувања туку и со потенцијално празни рафтови во продавниците.

Со други зборови, САД полека доаѓаат во ситуација како В.Британија која се соочува со огромен проблем во снабдувањето, со празни полици и затворени продавници и бензиски пумпи. САД веќе се зафатени со рекорден неддостаток на секојдневните производи, од пилешко, сланина, сирење, дрва и пластика, па до микрочипови кои се вградуваат во мобилните телефони и во автомобилите.

Американците на социјалните мрежи веќе масовно споделуваат снимки од празни и полупразни полици.