Ново откритие – Мумиите се постари од тоа што се мислеше досега!

175

Анализа на мумија пронајдена во гробницата Куви, покажала дека Египјаните користеле напредни методи за балсамирање илјада години пред тоа што досега се претпоставуваше.

Сочуваното тело вио гробницата Куви, откирено во 2019 година, се покажало дека е многу постаро од досегашните сознанија и дека е всушност едно оа најстарите екипетски мумии што се досега откриени.

Мумијата Куви датира од периодот на Старото кралство и докажува дека техниките на мумификација пред околу 4.000 години биле многу напредни, пренесува „Гардијан“.

Поради софистицираниот процес на мумификација на телото и користените материјали вклучувајќи ја и неговата исклчително квалитетна ленена облога и висококвалитетна смола, првично се сметало дека ваква техника на мумификација е постигната 1.000 години подоцна.

Новите сознанија може да ја сменат историјата.

„Ако оваа мумија навистина е од периодот на Старото кралство, тогаш сите учебници за мумификација и за историјата на Старото кралство треба да се ревидираат. Ова целосно може да го сврти нашето разбирање за еволуцијата на мумификацијата. Материјалите што се користени, нивното потекло, трговските патишта поврзани со нив, драматично ќе влијаат на нашето разбирање на стариот Египет“, истакнува професорката од Американскиот универзитет во Каиро, Салима Икам.