АЛАРМАНТНО Е НА ЗАКИНТОС: Беснее пожар ќе се евакуираат делови од островот/ВИДЕО

127

Наредена е евакуација во селото Мегала Алонија, во северниот дел на јонскиот грчки остров Закинтос, бидејќи шумски пожар ја загрозува областа.

Жителите на тоа село добиле порака преку телефонскиот број за итни случаи да се евакуираат кон селото Ано Волимес, пренесува Катимерини.

Од противпожарната служба во соопштението се наведува дека на гаснење на пожарот работат 24 пожарникари со 10 противпожарни возила, со помош на пет летала за фрлање вода и еден хеликоптер.