Аке ќе биде „граѓанин“

55

Второпласираниот тим во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на централниот дефанзивец од редовите на Бурнемаут, Нејтан Аке. Британските медиуми открија дека преговорите помеѓу двата клуба се во финалната фаза и дека од продажбата на поранешниот фудбалер на Челзи, раководните лица на Бурнемаут, очекуваат заработка не помала од 35 мил. фунти. Со купувањето на Аке стартува дефанзивната реконструкција која ја најави Пеп Гвардиола.