Корисниците на социјалниот сервис Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење на Црвениот крст на Град Скопје, традиционално, како и секоја година, подготвуваа рачно изработени ракотворби за претстојниот велигденски базар.
На пултот поставен во „Веро Центар“, на 26 април од 10 до 15 часот, ќе може да се купат рачно изработени корпи, венчиња, слики и велигденски украси, кои биле подготвувани изминатиов период, од лицата од дневните центри за стари лица.
Делата ќе се продаваат по симболична цена, а собраните средства ќе бидат наменети за набавка на лекови за социјално ранливите лица од третата доба.