ТРОГАТЕЛНА ИЛУСТРАЦИЈА! Сараевски уметник и оддаде почит на малата Данка/ФОТО

384
Фото: Instagram midoka5anovic

Босанско-херцеговскиот уметник Мидхат Капетановиќ на својот Инстаграм профил објави илустрација во која и оддаде почит на трагично починатата Данка Илиќ од Србија.

„Не сакам да разберам“, напиша тој со илустрација на која се гледаат Вучко, Заги и Победник (симболи на Сараево, Загреб и Белград) клекнати на гробот до кој стојат кукла и две свеќи, во спомен на двегодишното девојче.

„Вашата уметност може да скине срце на милион ситни парчиња“, „Каква тага, а ти ни  погоди во душата“, „Невозможно е да се разбере“, коментираат следбениците.

Овој уметник од Сараево е познат по своите трогателни илустрации во кои симболично ги прикажува актуелните настани во светот и регионот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Midhat Kapetanovic (@midoka5anovic)