Последно збогум: Се одржа комеморацијата за Мирко Попов

159
Ѕ.Плавевски

Денеска, на малата сцена во Македонска филхармонија се одржа Комеморацијата за Мирко Попов, еден од највлијателните и најуспешни скопски музичари, композитори, текстописци, диџеи, издавачи и продуценти, кој своето творештво и животот го посвети на борбата да промени нешто во земјава.

Почит му оддадоа неговото семејство и пријатели, градски имиња и негови почитувачи, како и министри и сите со музика и евоцирање спомени го кажаа своето последно збогум.

Режисерот Синиша Евтимов, негов долгогодишен музички соработник и пријател, го опиша Попов како „револуција која ѝ требаше на Македонија“.

Попов почина на 24 март, на 51 година, по кусо боледување.