Тестирајте го: Трик со молив e хит на мрежите – „ефективно ги ублажува менструалните грчеви и стомачните тегоби“/ВИДЕО

174

Многу жени имаат проблеми со менструални грчеви и стомачни тегоби. Одморот и топлите облоги секако ќе бидат корисни, но тоа обично не е доволно, па се прибегнува кон употреба на лекови.

Сепак, пред да одлучите да земете нешто од вашата аптека, можеби не е лоша идеја да се обидете со еден природен метод, имено – акупресура.

Познато е дека одредени точки на нашето тело се поврзани со одредени органи, па можат да го подобрат функционирањето доколку се соодветно стимулирани.

Ако сакате да ги ублажите менструалните проблеми, терапевтот Џејмс Мур, кој има повеќе од пет милиони следбеници на својот профил на Инстаграм, открива дека во тоа ќе ви помогне точка во ушната школка. Земете молив и со нежно притискање масирајте ја ушната школка во кружни движења во точката кај врвот на увото, како што е покажано во видеото подолу.

„Навистина функционира. Масирајте една минута“, стои во видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Moore (@jamesmoorewellness)