Teшка сообраќајка на „Партизанска“ во Влае: Едно од возилата преполовено, има тешко повредени

705

Teшка сообраќајна несреќа помеѓу две возила се случи денеска во 02.25 часот по полноќ кај мостот Влајко во Скопје при што едното од возилата се преполовило.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од сЉубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, стои во соопштението од МВР.