EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, наводно добил закани по мечот со Макаби Тел Авив. Тој на прес-конференцијата откри дека некој од делегацијата на гостинскиот тим наводно му се заканувал дека при првата посета на Израел ќе се соочи со еврејското политичко движење, бидејќи чувствуваат дека тргнал против нив.

  • Многу е чудно што една голема организација, која секогаш сум ја штител, дава соопштение дека ја расипувам сликата на Евролигата. Ако нешто не е во ред, како кога зборувам за судиите, има казна во правилата за тоа. Зошто ги вртите некои луѓе против мене? Одев кон соблекувалната и некој од Макаби, не знам кој, немаше акредитација, ми рече: „Ќе видиш Израел, ќе видиш што ќе ти направат ционистите, откри Атаман.