Слухот на една британско девојче е вратен со примена на пионерска генска терапија

870
Фото: screenshot

На 18-месечната британка Опал Сенди и беше обновен слухот откако стана првата личност во светот која учествуваше во пионерско тестирање за генска терапија, што според лекарите претставува нова ера во лекувањето на глувите лица.

Сенди е родена со аудитивна невропатија, состојба која ги попречува нервните импулси кои патуваат од внатрешното уво до мозокот и може да биде предизвикана од неисправен ген, објави Гардијан.

Но, откако примила инфузија која содржи работна копија од генот за време на операцијата која траела само 16 минути, 18-месечното девојче може да слуша речиси совршено и ужива во играта со тапани.

„Резултатите кај Опал се спектакуларни – нејзиниот слух е речиси целосно вратен. Се надеваме дека генетската терапија би можела да биде потенцијален лек. Имаше толку многу работа додека да стигнеме до овде, децении се во прашање. Тоа што конечно видовме нешто што вистински функционира беше доста спектакуларно и навистина инспиративно“, вели проф. Манохар Бенс, главниот истражувач во клиничкото испитување.

Во меѓувреме, слухот му бил вратен и на уште едно дете преку истата терапија.

За разлика од ушните апарати, кој го само ги прават сите звуци погласни за наглувите лица, генетската терапија го враќа осетот за слушање. Преку внесување на коригираните гени во безопасен вирус, самите влакна во увото кои биле оштетени стануваат поосетливи на звук, пишува Би-би-си.