Принцот Хари пристигнува во Англија: Кралот Чарлс е „премногу зафатен“ за да се сретне со синот

509

Принцот Хари за неколку дена пристигнува во Лондон, но се чини дека нема да се сретне со својот татко, кралот Чарлс.

Веројатноста за подолга средба, пишуваат британските медиуми, е многу мала бидејќи распоредот на кралот Чарлс е прилично полн.

Вчера беше потврдено дека Хари за неколку дена ќе отпатува за Лондон за да присуствува на церемонијата по повод 10-годишнината од Игрите Инвиктус. Тој ќе биде на богослужбата на благодарноста во лондонската катедрала Свети Павла во среда, 8 мај, каде се очекува да одржи говор.

Британски Телеграф пишува дека кралот најверојатно нема да го прими принцот бидејќи неговото доаѓање во Англија се совпаѓа со враќањето на кралот на јавните обврски, а извори велат дека тој е многу зафатен. Имено, на денот кога Хари ќе дојде во Лондон, Чарлс има средба со премиерот.

Не се очекува Хари да се сретне со Вилијам и Кејт, која моментално се лекува од рак. Двајцата браќа со години не се во добри односи, иако Хари и Меган јавно и испратија најдобри желби на Кејт кога таа ја објави веста за болеста.