Нов паркинг на улица „Козјак”

53

Во завршна фаза е новиот паркинг простор во населбата Кисела Вода. На површина од 400 квадратни метри, на улицата „Козјак” се обезбедуваат нови 25 паркинг места. Со ова, како што информираат од Општина Кисела Вода, бројот на новоизградени паркинг места за овие две и пол години се искачува на околу 1.400.

-Продолжуваме да работиме со силно темпо грижејќи се нашите жители да имаат што подобри услови во секој сегмент од нивните животи. Решавањето на проблемот со недостиг од паркинг места со кој се соочувавме со години наназад е поставен високо во моите приоритети, а дека е така говори тоа што, иако во мојата програма имав ветено 1.000 нови паркинг места, веќе ја достигнавме бројката од 1.400 и тоа само за две и пол години – изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека новиот паркинг на улицата „Козјак” во населбата Кисела Вода е поплочен со павер елементи и ќе придонесе во безбедноста и удобноста на сообраќајот во мирување.

-Секако, вакви градежни активности во периодот што следи ќе имаме и во сите останати месни и урбани заедници, на што веќе интензивно работиме – истакна Ѓорѓиевски.