Невакцинираните деца да не се примаат во градинка, санитарните инспектори да вршат редовни контроли

Комисијата за заразни болести со неколку препораки за ставање под контрола на епидемијата со пертусис

476

Како што информираше д-р Злате Мехмедовиќ портпарол на КЗБ по одржаниот состанок  на кој што се дискутирало за состојбата со голема кашлица, препораките треба да важат на целата територија на државата, иако епидемија е прогласена само на територијата на градот Скопје. Според него во Македонија вкупно до денес има 123 заболени лица со пертусис, од кои 109 лица се во град Скопје. Тој потести дека вакциналните пунктови работат во две смени и се аплицирани 22.395 дози вакцини.

Засилени испекциски контроли од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во градинките за да се детектираат невакцинираните деца препорача Комсијата за заразни болести. Како што информираше д-р Злате Мехмедовиќ портпарол на КЗБ по одржаниот состанок  на кој што се дискутирало за состојбата со голема кашлица, препораките треба да важат на целата територија на државата, иако епидемија е прогласена само на територијата на градот Скопје.

– Во Македонија вкупно до денес имаме 123 заболени лица со пертусис, од кои 109 лица се во град Скопје. Оправданоста на епидемијата која е прогласена во Скопје доби потврда, но добро е што големата кашлица не се разгорува на национално ниво што е добро.Детектирано е само по еден случај од Дебар,Тетово и Струмица- кажа д-р Мехмедовиќ

Тој потести дека вакциналните пунктови работат во две смени и се аплицирани 22.395 дози вакцини. Вакцинацијата се одвива добро и ќе продолжи со исто темпо.

-Препорачуваме Државнот санитарно здравствен инспекторат да го засили инспекцискиот надзор на територијата на Град Скопје, да добиеме пореална слика дали се почитува препораката на Комисјата дали се примаат или не се примаат невакцинирани деца во градинките- посочи д-р Мехмедовиќ и дополни дека неоходно е да се подготви детална евиденција за вакцинација која ќе даде реална слика кои деца не се вакцинирани или се делумно. 

Комисијата за заразни болести препорача да се овозможи тестирање на територија на цела држава за пертусис, досега таква можност немаше. За  таа цел се очекува на 15 март  да пристигнат вакцините за возрасните лица.

-Приоритет  за вакцинација ќе имаат возрасните кои што живеат со мали деца, вработени кои што работат со мали деца и бремените жени во третиот циклус од бременоста-објасни д-р Мехмедовиќ.

Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана информираше дека на нивната клиника досега се прегледани 12 случаи каде што е детектирано голема кашлица. Тој потсети дека за возрасните лица болеста не е тешка и постои соодветна терапија.

Мехмедовиќ апелираше кон родителите да ги вакцинираа децата со МРП вакцината, за да не ги изложуваат своите деца на ризик.

(В.Ма.)