Леброн Џејмс повторно се „побрука“ пред Јокиќ и соиграчите: „Кралот“ не поднесува пораз, веднаш побегна!

1489
PRINTSCREEN/ARENA SPORT

Денвер ги совлада Лејкерси во петтиот меч (108:106), Џамал ​​Мареј постигна кош за победа, а Никола Јокиќ беше на дофат на нов трипл-дабл учинок (25, 20ск, 9ас). Нагетс одат во Минесота во полуфиналето на Западот, додека тимот од Лос Анџелес ги „спакува куферите“ за одмор, и сезоната за нив веќе заврши во април.

Колку им беше тешко на Лејкерси да бидат исфрлени од Денвер оваа сезона, покажува потегот на Леброн Џејмс. „Кралот“ не може да се помири со пораз, па по натпреварот одби да остане на теренот и да им честита на Јокиќ и соиграчите. Тој веднаш штом заврши натпреварот отиде директно во соблекувалната и со тоа покажа непочитување кон актуелните шампиони.

За разлика од него, голем дел од неговите соиграчи останаа, им подаде рака на противниците и им честиташе на паркетот. Меѓу нив беше и Ентони Дејвис, кој мечот го заврши со 15 поени и 4 скока. Потегот на Џејмс беше критикуван од многумина, особено поради фактот што тоа не му е прв пат. Истото го направи и на првиот натпревар сезонава кога Србинот му ја донесе победата на Денвер, а Леброн веднаш побегна од паркетот.

Херој на Денвер повторно беше Мареј (32, 7ас) и на прес-конференцијата го пофали еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката. „Се сеќавам кога бев дете, Леброн играше против Орландо во дресот на Кливленд. Го носев неговиот дрес, го добив за роденден. Беше тоа еден од моите омилени играчи долго време, задоволствот е да се игра против него“, изјави Мареј.