Поранешниот кошаркар на Цибона, Американецот Кори Вилијамс (46), се бори за живот. Тој на својот Твитер-профил сподели вознемирувачки фотографии од болницата, а обожавателите од целиот свет се молат за негово здравје. На Вилијамс минатата година му беше дијагностициран рак на дебелото црево во четврта фаза, па хемотерапијата е единствениот начин да се избори за живот.

  • Што и да е потребно, ќе направам. Што и да е потребно, напиша Кори покрај фотографијата на која е во хипербарична комора.

Поранешниот кошаркар не остави длабока трага во дресот на Цибона и брзо го напушти клубот истата 2008 година. Исто така Вилијамс влезе на НБА драфтот во 1999 година, но не беше избран и тогаш започна неговото талкање низ светот. Во кариерата смени дури 25 клубови, повремено играше за тимови во Развојната лига, но и на егзотични дестинации низ светот.