Насадени дрвца во близина на ветропаркот Богословец

53

Во близина на ветропаркот Богословец, Светиниколско, со симболично садење садници беа најавени подготовката на законот за заштита на почвата и големата акција за пошумување на значителни површини на екстремни и голи терени во државата. Тоа ќе придонесе за воведување, тестирање и за демонстрирање нови методи и пристапи за борба против проблемите со деградацијата на земјиштето и уништувањето на шумите во нашата држава.

– Свети Николе и ова подрачје неслучајно се избрани за оваа акција. Подрачјето на Свети Николе е едно од најаридните подрачја во Македонија. Се одликува со скудна природна вегетација, големи температурни екстреми, мали количини врнежи и силни воздушни струења (ветрови) – рече министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, потенцирајќи дека еден од најдобрите и најодржливи начини за заштита на почвата и борба со климатските промени е пошумувањето, т.е. подигнувањето нови шуми на поголеми површини.

Најавувајќи изработка на закон за заштита на почвите, Шукова рече дека законот ќе утврди не само насоки за одржливи практики за управување со почвата туку и ќе овозможи справување со деградацијата, ерозијата и со загадувањето.

Најавувајќи изработка на Закон за заштита на почвите, Шукова рече дека законот ќе утврди не само насоки за одржливи практики за управување со почвата, туку и ќе овозможи справување со деградацијата, ерозијата и загадувањето.

– Со поставување на јасни стандарди и регулативи, целиме да промовираме одговорно управување со почвата со што ќе обезбедиме здрав ресурс за производство на храна преку регулирањето на климатските услови и поддршката на одржливи прехранбени системи, рекла Шукова.

„ЈП „Национални шуми“ континуирано спроведува активности за пошумување низ целата територија на државата. На годишно ниво се пошумува површина од приближно 500 хектари.

– Активно се вклучуваме во компонентата за пошумување на овој проект.  Со тоа се интензивираат нашите активности и се засилуваат напорите за спречување на опустинувањето и деградацијата на почвите и земјиштето и се спречува ерозијата – потенцира Маре Басова, помошник директор во „Национални шуми“.