Kога ќе ги поместиме часовниците поради зимското сметање на времето?

718

Иако Европската унија пред неколку години најави дека ќе го укине летното и зимското сметање на времето и ќе донесе унифицирано, тоа се уште не се случи.

Во Европа, вклучително и во Македонија, летното сметање на времето оваа година завршува на 29 октомври, што значи дека ноќта помеѓу 28 и 29 октомври во 3 часот по полноќ ќе ги поместиме стрелките на часовникот еден час наназад, односно во 2 часот утрото.

Се уште не се знае кога ЕУ конечно ќе го укине поместувањето на часовникот, но во Хрватска, на пример, која е членка на Унијата, до крајот на 2026 година е на сила регулативата за летно и зимско сметање на времето.