Кошаркарската лига на Кипар ретко привлекува внимание, но еден настан го извади ова натпреварување од анонимност. За тоа се потрудија двата клуба, Аполон и ПАЕК, пред нивниот дуел кој го реши пласманот во плејофот. Работата е што никој од нив не сакаше да влезе во плејофот, бидејќи во тој случај ќе требаше да ги продолжи исплатите на играчите и членовите на стручниот штаб. Двата тима тргнале со намера да го загубат мечот со тоа што наводно ја заборавиле регистрацијата на играчите, што е обврска пред секој натпревар. Аполон во својот ростер имаше седум играчи, ПАЕК само пет, па натпреварот беше одложен.

Двата клуба имаат финансиски тешкотии и не ги сакаа дополнителните трошоци кои ќе им донесат пласман во плејофот на кипарскиот шампионат. Нивниот дуел беше одложен, а приказната ќе продолжи на суд.