Еден од најдобрите плејмејкери во Евролигата, Боби Диксон, по пет години поминати во Фенербахче ќе си замине од клубот, потврди тимот од Истанбул. Американецот со турски пасош цели шест години го носеше „сино-жолтиот“ дрес, а со клубот освои голем број на титули меѓу кои и Евролигата во 2017 година.

Најдобрата сезона во дресот на Фенербахче ја одигра во сезоната 2015/16 кога во Евролигата бележеше просек од 11.4 поени и 3.6 асистенции. Претходно во својата кариера Американецот настапуваше за осум клубови, меѓу кои и Сент-Етјен, Граелин, Бенетон, Ле Ман, Асвел и Каршијака.