Хрватскиот кошаркарски стручњак Александар Петровиќ реши да ја прекине соработката со репрезентацијата на Бразил. Иако успешно ги водеше „кариоките“, Петровиќ во меѓувреме ја прифати тренерската работа во италијанскиот тим Пезаро, па реши целосно да му се посвети на овој предизвик.

Петровиќ стана селектор на Бразил во 2017 година, ја одведе селекцијата на СП во Кина, но доживеа неуспех во олимписките квалификации и јужноамериканската селекција не се пласираше во Токио.

-Многу размислував за одлуката изминатите две недели, а на крајот решив да заминам, за што Бразилците имаа разбирање, изјави Петровиќ.