Францускиот гигант ПСЖ не се откажува од намерата да ги осигура услугите на францускиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Пол Погба. Искусниот играч за врска има договор до 2022 година и доколку не биде продолжен челниците на Јунајтед ќе бидат принудени да го продадат до крајот на летниот преоден рок. Од друга страна, раководните лица на ПСЖ се убедени дека се потребни околу 40 мил. фунти за неговото обештетување.