Се почитува протоколот за упис на првачињата во училиштата

58

Во сите училишта во Општина Бутел се почитува донесениот протокол за запишување на првачиња, како резултат на пандемијата од Ковид – 19.

Од Општината информираат дека запишувањето на децата во прво одделение во во основните училишта на Општина Бутел за учебната 2020/2021 година, кои се родени во календарската 2014 година, ќе се реализираат во месец јуни.

-Со оглед на моменталната состојба со вирусoт и почитувње на мерките донесени од Владата, опсервацијата на идните првачиња започна од 01.06.2020 година и ќе се реализира на тој начин што секој ден со опсервација ќе се опфатат по 10 деца. Опсервација ќе се врши во различни простории со по едно дете во присуство на родител, кој задолжително ќе носи маска и ракавици. Во просториите каде што ќе се врши опсервацијата редовно ќе се врши дезинфекција и ќе биде запазено потебното растојание помеѓу присутните. Опсервацијата ќе ја вршат комисии составени од стрични тимови на основните училишта, кои исто така ќе носат заштитни маски и ракавици. Растојанието помеѓу секое закажано дете ќе биде 20 минути-објаснуваат општинските власти.

Во текот на месец мај се вршеше пријавување на децата за упис и истите со почеток од први јуни се известени за терминот за опсервација. Од списокот добиен од МВР на територија на Општина Бутел, учебната 2020/2021 година треба да ја започнат вкупно 500 првачиња.