Гласините дека Бритни Спирс и принцот Вилијам биле во врска стари се околу 20 години, но дури и денес тие и се интересни на јавноста. Имено, како што се наведува, медиумите не биле толку далеку од вистината. Неколку години откако започнале шпекулациите, Бритни наводно, објаснила дека тие навистина требале да одат на вечера, но дека тој никогаш не се појавил на љубовниот состанок.

– Се допишувавме извесно време преку електронска пошта и одлучивме да се сретнеме. Тој требаше да дојде во посета, но тој никогаш не се појави. Тоа едноставно не успеа. Бев извисена за вечера, која всушност требаше да биде љубовен состанок,  изјавила Бритни  за British talk show, а пренесува ABC News.

Вилијам на крајот заврши во брак со Кејт Мидлтон, со која денес има три деца.