Мега пејачка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ пред неколку саати и официјално стана среќна млада баба на своите 47 години! Нејзината снаа Богдана и синот Вељко Ражнатовиќ добија син. Тие станаа родители.
Бебето тежи 3.360 кг при раѓање, а долго е 53 см.
Породувањето е извршено со царски рез, а го направи лекарот Миленко Пророчиќ, кој ја породи Цеца со Вељко и Анастасија. Тазе таткото Вељко присуствуваше на раѓањето и заедно со сопругата Богдана го видоа наследникот, кој ќе го носи името по неговиот трагично починат татко – Жељко.

Вељко и Богдана – ќе прават голема веселба, имаат син!

Но, очигледно е дека денешниот ден дупло ќе се слави секоја година во јуни. Ќе има две причини за тоа во семејниот дом на Ражнатовиќ . Првиот е овој роденденот на внукот на Цеца и вториот на 14 јуни, кога е роденденот на славната пејачка. Инаку, на овој ден е роден и дедото на Вељко, таткото на Богдана.

Тато Вељко се весели со трубачите и со песните на мама Цеца

Д.М.   фото:Инстаграм