ЕКСКЛУЗИВНО: Горан Марјановиќ научник и “теслијанец“: Симптомите на човек изложен на зрачење со 5G и на човек заразен со ковид-19 се многу слични!

Што претставува 5G технологијата, дали навистина нејзиното зрачење е штетно за чoвекот и за живиот свет или пак тоа е технички напредок кој го поттикнува развојот на цивилизацијата, дали петтата генерација на безжични комуникациски технологии има врска со коронавирусот или не, како да се заштитиме од штетното влијание на зрачењето... Одговор на овие, но и на уште неколку интересни теми побаравме од познатиот српски научник, инженер и проучувач и следбеник на Никола Тесла, Горан Марјановиќ. Овој научник, кој теориската физика ја проучува повеќе од 40 години и во кариерата направил повеќегодишни мерења и анализи на различни енергетски феномени, македонската јавност го запозна пред неколку години кога заедно со група научници беше вклучен на археоакустичните истражувања на геоглифот во Свети Николе. За весникот ВЕЧЕР вели дека очекува да продолжат истражувањата во Црнилиште и да се открие дали навистина во геоглифот се крие гробот на Александар Македонски

3650

Елизабета АРСОСКА

Како гледате на петтата генерација на безжични комуникациски технологии? Што навистина значи 5G технологијата која го подели мислењето на научниците и на јавноста?

Петтата генерација – 5G е технологија која, покрај сите можности на 4G, ќе овозможи и низа нови технички придобивки, како што се „паметни домови“ – следење и контролирање на сите апарати за домаќинството, фрижидери, печки, климатизација … и уреди, камери за надзор … од било која локација и аналогно на тоа – паметни автомобили и градови. Она што ја прави најголемата разлика на 5G со 4G е нејзината многу поголема ефикасност: поголема брзина на пренос на податоци, поголема ширина на опсег и мала латенција (пинг). 5G ветува брзина на пренос до повеќе стотици гигабити во секунда, што е сто пати побрзо од 4G и овозможува многу побрзо преземање на податоци. Така, за симнување на некој филм, на пример, наместо десетина минути со 4G со 5G ќе трае само неколку секунди. Повисока ширина на опсег значи пренесување на поголема количина на податоци за еден временски период, што овозможува, на пример, да гледате филмови со многу повисок квалитет, без прекини. Клучната разлика помеѓу 4G и 5G е ниската латенција, односно брзина на одговор. Да појаснам, латенција е време што изминува од моментот кога е побаран пренос на информации од еден уред до одговорот на тоа барање од друг уред. Со оглед на големиот број на вакви „барања и одговори“ за време на комуникацијата, скратената латенција многу придонесува за брзината на размена на податоци, што е од најголема важност за употреба на широк опсег на услуги базирани на клауд (облак). Во основа, под  клауд услуга може да се сметаат разни системи за електронска пошта како што се Gmail, Hotmail, Yahoo, апликации за складирање на податоци како што се Dropbox, SkyDrive и слично.

Ги издвоивте позитивните страни на 5G, кои се негативните ефекти врз човекот и живиот свет?

На негативните ефекти сметам дека треба да им се посвети посебно внимание. Во бројните дискусии, некои ја нарекуваат мрежата 5G како „мрежа на смртта“, додека други наведуваат дека 5G користи фреквенции кои се користат со години во 4G технологијата и дека има многу претерувања кога станува збор за зрачењето на 5G базните станици и опремата.

Првите како аргумент наведуваат снимки од мртви птици, пчели,…, исушени дрвја, субјективни чувства на луѓето…, а вторите сметаат дека овие наводи се лага, фалсификати или последица на некои други влијанија како што е загадувањето и слично, но, во секој случај, ги сметаат  како „теоретичари на заговор“ кои го попречуваат техничкиот напредок и го кочат развојот на цивилизацијата.

Според мое мислење вистината е, како и секогаш, некаде во средината.

Поточно, мрежата 5G користи два опсега на фреквенција. Долниот опфаќа фреквенции од 600 MHz до 6 GHz, а горниот од 24 GHz до 86 GHz. Најголема забуна е фактот дека 4G користи WiFi технологија на фреквенција од 2,4 GHz, но постои и опција за „wifi со двоен опсег“ на 5 GHz, додека верзијата на мрежата 5G која моментално е монтирана најмногу во нашиот регион работи на 3,5 GHz. Значи, ако на својот 4G телефон гледаме ознака на мрежа 5G тоа не значи дека ја користиме 5G технологијата, туку тоа е 4G со двоен опсег WiFi која работи на 5 GHz! Од друга страна, „5G“ е петта генерација која, засега, работи на 3,5 GHz но, во иднина ќе оди и преку 100 GHz.

Она што го гледам како проблем се стандардите на дозволените нивоа на зрачење кои варираат во голема мера со дефинираното време на изложеност, со фреквенцијата и особено се различни од држава до држава. На пример, според IEEE C95.1 Стандард, за опсег од 1,5 GHz до 100 GHz и неконтролирано изложување од 30 минути, дозволеното ниво на зрачење е 1 mW / cm2. На пример, уредот што јас го користам – Трифилд метар 100XE (изработен во САД), наменет за мерење на динамични електрични и магнетни полиња и радио зрачење, зрачи веќе од 0,01 mW/cm2. Од друга страна, можете да најдете мерења на Интернет со слични уреди кои надминуваат многу пати повеќе од наведените вредности. Неодамна, наидов на мерење со уред ТМ-190 (произведен во Тајван) што регистрираше вредност од 123 mW/cm2 на оддалеченост од 20 метри од базната станица. Мерниот опсег на овој модел е од 50 MHz до 3,5 GHz што значи дека регистрираното зрачење може да биде од 4G и од 5G мрежа – сепак, нивото на зрачење е сигурно над дозволеното. Има снимки со антени на мобилни оператори во градинки, дури и на болници – што е многу дискутабилно.

Имено, покрај бројните студии на голем број светски институти кои тврдат дека микробрановите фреквенции и интензитетот што се користи во практиката не се опасни за луѓето, има многу лекари кои тврдат дека нивното истражување го покажува спротивното. На пример, д-р. Рина Бреј вели: „Најчестите симптоми на микробранова радијација се главоболка, замор, намалена способност да се концентрира, зуење во ушите, раздразливост и несоница. Исто така, загрижени сме за влијанието врз срцето и нервниот систем и падот на имунитет“!

Овие се факти кои одат во прилог на настојувањата, монтажата на опремата да биде строго контролирана од страна на надлежните институции и темелно да се испитаат влијанијата врз животната средина и предизвиканите ефекти, но од независни истражувачи.

Во многу дискусии едни тврдат дека 5G зрачењето е помалку штетно отколку самото сончање на плажа, а други дека е многу штетно за здравјето на човекот, природата и целиот жив свет? Како вие ја браните својата теорија?

Познато е дека сончевата светлина, особено УВ-зраците, може да предизвикаат изгореници, па дури и карцином на кожата затоа што тоа се јонизирачки зраци што ги кршат хемиските врски на ткивото. 5G брановите имаат многу пониски фреквенции, а со тоа и енергија, што ги потврдува тврдењата на оние кои велат дека сонцето е поопасно од 5G технологијата. Сепак, не е сè во интензитетот. На пр. фреквенцијата од 4G WiFi од 2,4 GHz е скоро иста со истата која се користи во микробрановите печки. Сепак, во печките, ова зрачење е ограничено во нивната внатрешност додека WiFi  рутерите се отворени. Она што според мене е многу поконтроверзно, и тоа треба да биде причина за да се пристапи многу посериозно кон проблемот, е инсталирањето на 5G опремата. Всушност, се чини дека недоволно е истражено влијанието на самата опрема или инсталација врз животната средина и биоструктурите, бидејќи горниот опсег на 5G целосно го преклопува опсегот на фреквенции што се користат при дијагностицирање и терапија на комплементарни методи за лечење на луѓето, каде што енергетските нивоа што се користат во квантни медицински апарати се многу блиски, дури и пониски (!), од оние што во моментов се пропишани со постојните 5G стандарди. Значи, постојат сериозни причини да се биде внимателен.

Се наоѓаме во време кога целиот свет се бори против пандемијата со коронавирусот. Постојат теоретичари, меѓу кои, ако не грешам, сте и Вие, кои го поврзуваате ковид-19 со 5G технологијата. Како тоа го објаснувате?

Интернетот ни дава преглед на голем број тестови на голем број реномирани експерти и институции според кои мрежата 5G нема никакво влијание врз вирусот ковид-19. И покрај тоа што немам соодветно ниво на познавање од биологија, јас на основа на логиката која ја изградив, занимавајќи се со теориска физика повеќе од 40 години и со повеќегодишни мерења и анализи на различни енергетски феномени, имам впечаток дека одредена интерактивност, сепак, е можна.

Причината е едноставна. Симптомите кои се јавуваат заедно со субјективните чувства на човекот изложен на микробраново зрачење со 5G и на човек заразен со ковид-19 се многу слични. Овој факт остава можност за толкување на влијание на едното врз другиот… Изјавите дека вирусот не е од природно потекло, исто така, раѓа нови дилеми.

Еден од првите што коронавирусот го прогласи за вирус од вештачко потекло беше рускиот професор д-р Игор Панарин, кој е еден од најпознатите стратешки аналитичари во светот и водечки аналитичар во Организацијата за колективно безбедносно уредување. Според него, вирусот е дело на молекуларни биолози, а не од природно потекло, што беше потврдено и од анализите на францускиот виролог, нобеловец Монтење, кој откри дека честички на вирусот ХИВ се додадени во ковид-19.

Можната врска помеѓу 5G мрежата и вирусот ковид-19 се заснова на неспорно утврдената појава на апсорпција на микробранова енергија, која за молекулите на кислород (О2) е највисока на 60 GHz, а водата (водена пареа) на 24 GHz и 184 GHz. Хипотетичкиот механизам на поврзаност се објаснува со дејството на микробрановите врз електроните во молекулите на кислородот. Молекулите на кислород се состојат од два атоми на кислород кои се поврзани едни со други со заеднички електрони. Со дејство на 60GHz 5G микробранови на молекула на кислород, електроните почнуваат да осцилираат, менувајќи ги нивните орбитални резонантни својства и овие „раздвоени електрони“ се врзуваат за хемоглобинот во нашата крв. Сепак, таков „нарушен“ молекул на кислород повеќе не се врзува за хемоглобинот, кој тогаш, заради неможноста да апсорбира кислород не може да го транспортира во клетката…, а клетка без кислород умира или станува канцерогена…

Од друга страна, не негирајќи го опишаниот механизам, многу истражувачи тврдат дека енергијата на зрачењето што се користи во пракса е под нивото што може да доведе до таков ефект. Друг аргумент е дека радиобрановите не можат да навлезат во нашата кожа, делумно заради рефлексија, а делумно заради апсорпција во водата која сочинува најголем процент од нашето тело. Сепак, голем број на лекари бараат одложување на спроведувањето сè додека не се направат соодветни тестови за долгорочни биолошки ефекти на 5G технологијата.

Дали има начини на кои можеме да се заштитиме, како што велите од негативното зрачење?

Најдобра заштита е да се избегнуваат места каде што има такво зрачење. За жал, такви места се сè помалку. Нашата единствена надеж, надлежните за овој проблем да се одговорни, некорумпирани лица и институции како и за тестирање на влијанието така и за донесување соодветни прописи регулативи и контролирање на нивната примена.

Она што можеме да го сториме сами за своето здравје е да ја намалиме употребата на таа опрема и да ги следиме упатствата на производителот, на пример, што покусо разговарање на мобилен, користење на жична слушалка, лаптоп, таблет или телефон со WiFi, 5G конекција да се држи што подалеку од телото, рутерот да се постави во најоддалечениот дел од станот и да се исклучува кога не ни треба. Како што посочив, водата има голема способност да апсорбира микробранови, а тоа значи и нивно слабеење. Значи просторијата треба да биде исполнета со цвеќиња и помали дрвја. Ѕидовите на куќите во принцип се доволни за да нè заштитат од зрачење ако растојанието од базните станици е на пропишано растојание – што често не е случај. Ако сме изложени на посилно зрачење (на пример, поради непочитување на пропис) за прозорски завеси (дури и за постелнина…), можеме да користиме ткаенини со ткаени метални нитки кои се веќе достапни на пазарот. Но, што е можно почесто да се претсојува покрај реки, во шума, на планина сепак е најдобриот начин да се врати рамнотежата на клетките на телото.

И, конечно, неизбежното прашање, зошто македонската научна јавност Ве запозна како еден од научниците кои учествуваа во истражувањето „Геоглиф“ во Овче Поле, до какви резултати дојдовте и што мислите дека се крие таму?

Врз основа на архео-астрономските, архео-акустичните, електромагнетните и суптилните енергетски истражувања од истражувачката група на СБ (СБРГ) помеѓу 2011 и 2015 година, утврдено е постоење на неколку релативно правилни шуплини, ритуални простории или можеби гробови под земјата. На врвот на насипот или малиот рид постојат два концентрични ровови со приближно овален облик во чиј центар се гледа голем геоглиф, чиј изглед потсетува на огледалната слика на соѕвездието Касиопеја. Со анализа на симболиката на македонската кралска династија и феноменот на процесијата на рамноденица, беше утврдено дека геоглифот, според календарот, го означува роденденот на Александар Македонски. Прецизното усогласување на изгрејсонцето, на Касиопеја и геоглифот на роденденот на Александар во 356 година п.н.е. сугерира дека геоглифот содржи нешто поврзано со него, веројатно неговиот гроб или гробот на некој негов близок роднина. За да се зголеми веројатноста за појава на оваа хипотеза, предложено е дополнително мапирање на внатрешната структура на овој необичен артефакт. Подеталното истражување ќе фрли светлина на дилемата дали овој објект е природен или вештачки. Сигурен сум дека еден ден ќе ја дознаеме вистината.