Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

48

Исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2022 година почна денеска, информира Министерството за труд и социјална политика.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска – 3 март 2022 година.

-Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа денеска за оние чии презимиња почнуваат на А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ и утре за оние кои имаат презимиња што почнуваат на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш, соопштуваат од МТСП.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.