Наскоро на терените ќе се врати швајцарскиот тенисер Стен Вавринка, освојувачот на три грен слем титули. Швајцарецот нема играно речиси една година, поточно од турнирот во Доха и поразот на стартот од Лојд Харис.

После тоа му беа направени две операции на левото стапало, а пред тоа во 2017 година две операции на коленото. По неколку тешки години, кои го тргнаа од врвот на тенисот, Вавринка се подготвува за враќање на турнирите, во сезоната на земјени терени. Тој во изјава за „Тим“ вели дека се подготвува за турнирот во Монте Карло кој е закажан за април.