40 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО: Изложба на Владимир Темков во Кавадарци

67

Во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, вечерва (19.30 ) ќе биде отворена изложбата на Владимир Темков со која уметникот одбележува 40 години творештво. Јавноста ќе има можност да види нови 60 дела создадени во последната година од циклусот „Лет во место“.

Темков е еден од најплодните ликовни уметници во Кавадарци кој последните 10 години своето творештво достојно го презентира и надвор од Македонија со самостојни изложби и студијски престој во Париз, Њујорк, Софија и Болу –Турција. Зад себе има реализирано над 70 самостојни изложби и учество во повеќе од 200 групни изложби како и бројни ликовни колинии во Македонија и во странство.

Инспирацијата ја црпи во од топлото тиквешко поднебје во кое се отсликува природата и богатиот колорит.

За неговото творештво ќе говори академик Блажо Боев.