24-часовна вакцинација во Бугарија од понеделник

17

Од понеделник во Бугарија ќе бидат отворени 24 часа пунктови за вакцинација. Тоа го најави денеска министерот за здравство на Бугарија Костадин Ангелов.

– Се зависи од вас. Благодарение на оние кои веруваат во науката има долги редици луѓе. Ќе отвориме деноноќни пунктови за вакцинација во градови во државата, изјави тој.

Вакцинацијата во Бугарија се одвива втор ден и во сите поголеми градови има редици од луѓе кои сакаат да ја примат вакцината. Количините од Фајзер/Бионтех се потрошени и сега се вакцинира со АстраЗенека, јави дописникот на МИА.

Втор ден во сите поголеми градови во Бугарија, луѓето се редат во огромни редици за да ја добијат првата доза на вакцина против Ковид-19.

Според  државниот санитарен инспектор во Пловидв антиваксери се обидуваат да спречат вакцнирање со тоа што се пријавуваат на листите, а потоа не доаѓаат.

Извор:МИА