УБК ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈА:Од 1 јуни стартува со работа Агенцијата за национална безбедност

756

 

Работата на Агенцијата ќе биде во насока на контраразузнавање, контратероризам, пролиферација, корупција, како и повисоки форми на организиран криминал, а сите информации кои ќе бидат прибавени од страна на Агенцијата нема да се користат како доказ пред суд, туку дека истите се прибираат со цел заштитување на безбедноста.

УБК заминива во историја. Од 1 јуни, стартува со работа Агенцијата за национална безбедност , која ке работи по сите НАТО стандарди. Агенцијата за национална безбедност ќе ја штити националната безбедност на државата, односно независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот, а вработените ке немаат полициски овластувања како што беше случај досега.

Нивната основна задача ке биде собирање на информации кои се од значење за безбедноста на државава.
Како што објаснија на вчерашниот брифинг Агенцијата ке биде надвор од составот на МВР, но каде точно ке бидат сместени засега не се знае. Со агенцијата ке раководи директор кој на предлог на премиерот ќе го бира Владата.Кој ке биде на чело на оваа институција засега не откриваат. Агенцијата ке располага со сопствен буџет кој допрва треба да се конципира.

Со новиот Закон ,точно е дефинирано на кој начин и кога ќе може да се прибираат информации, како и нивно чување и користење. Прибирањето информации ќе биде во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Секој граѓанин, лично за себе, ќе може да побара информација дали Агенцијата презема некакви дејствија кон него. “Сакаме да се ослободиме од терминот тајна полиција.-рече Спасовски додавајќи дека сите информации кои ќе бидат прибавени од страна на Агенцијата нема да се користат како доказ пред суд, туку дека истите се прибираат со цел заштитување на безбедноста.

Поентата на реформите во безбедносните служби е децентрализација на истите односно ниту една служба да не ги поседува сите информации. Како што објасни Спасовски нема да постои ниту една агенција која ќе ги собира сите информации, односно ниту една служба нема да знае што работи друга служба.
Налогот за прибирање информации од одредена личност ќе дава директорот на Агенцијата за национална безбедност, но за тоа мора да го извести Јавниот обвинител. Работата на Агенцијата ќе биде во насока на контраразузнавање, контратероризам, пролиферација, корупција, како и повисоки форми на организиран криминал.

Надзор врз работатата на Агенцијата за национална безбедност ќе се врши од повеќе државни институции меѓу кои Врховниот суд, Собранието на СРМ, Јавниот обвинител, Народниот правобранител, Државниот завод за ревизија и Агенцијата за класифицирани информации. Во склоп на Агенцијата, од страна на директорот ќе биде формирана и единица за внатрешна контрола по мислење на Собранието.. Во однос на вработувањето во Агенцијата, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека ќе постојат строги критериуми односно ќе биде формирана Комисија за селекција која ќе има задача да создаде профил на работните места и профил на вработените кои треба да бидат ангажирани во службата.

Спасовски истакна дека припадниците на Агенцијата претходно ќе бидат изложени на суштински безбедносни, психолошки и друг вид проверки по пракса воспоставена од НАТО и останатите западни безбедносни служби. Доколку вработените ги поминат предвидените проверки, ќе бидат поставени во новата служба АНБ, додека останатите ќе добијат отказ.

Со формирањето на новата безбедноста служба, предвидено е и проширување на мрежата на соработници кои ќе бидат ангажирани со соодветен паричен надомест, за чија висина не сакаше да говори минстерот Спасовски.

Законот за Агенцијата за национална безбедност ќе се носи со двотретинско мнозинство. Спасовски изјави дека во целиот процес на подготовка на нацрт-законот учествувале и членови од опозицските партии поради што очекува и поддршка за законот.