18 МЕСЕЦИ ЗАТВОР: Падна пресудата за случајот со убиството кое го изврши Алек Болдвин

4431

Хана Гутиерез Рид, одговорната за оружјето која го наполни пиштолот со кој Алек Болдвин пукаше и ја уби директорката на фотографија на сетот на филмот „Раст“ во 2021 година, е осудена на 18 месеци затвор.

Гутиерез (26) беше осудена откако поротниците во Санта Фе, Ново Мексико, по судење, ја прогласија за виновна за убиство од небрежност, јавува Би-би-си.

Таа беше задолжена за контрола на оружјето за време на снимањето на вестерн филмот во октомври 2021 година, кога актерот и копродуцент Алек Болдвин, пукаше со револверот Colt 45 за време на проба, при што беше убиена камерманката Халина Хачинс, додека режисерот Џоел Соуза беше повреден.

Поротниците во судењето ја донесоа својата пресуда откако сослушаа десетици сведоци, вклучително и очевидци, аналитичари на ФБИ и добавувач на муниција, како и Соуза, за време на 10-дневното судење.

Обвинителите ја обвинија Гутиерез дека ненамерно донела боева муниција на сетот каде што било забрането и дека не ги почитувала основните протоколи за безбедност на оружјето. По двонеделното судење, поротата расправаше околу три часа за да донесе пресуда.

Нејзиниот адвокатски тим побара ново судење по пресудата и побара нејзино ослободување од затвор.